Приведен градоначалникот на Истанбул поради истрага за корупција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екрем Имамоглу, градоначалникот на Истанбул е приведен утрово по рација во неговиот дом. Имамоглу се наоѓа во полициска станива на распит, вели неименуван извор за АФП.

Локалните медиуми јавуваат дека приведувањето на Имамоглу е поврзано со истрага за корупција.

Од Обвинителството истакнуваат дека се води постапка и против други лица. Меѓу нив има и бизнисмени и новинари. Станува збор за 100 лица.

Имамоглу и шест други лица се осомничени дека ја поддржале Курдската работничка партија. Оваа партија од страна на Турција е означена како терористичка.

Имамоглу во понеделникот на платформата Х објави видео во кое вели дека стотици полицајци стојат пред неговиот дом. „Соочени сме со голема тиранија“, пишува тој и додава дека нема да се предаде.

Имамоглу се смета за најголем противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган.