Приведен полски државјанин, возел 164 км/ч на делница каде што е дозволено 80 км/ч

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полски државјанин е задржан на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека управувал возило со брзина од 164 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 км/ч.

Случајот се случил на 22 август 2026 година, околу 17:53 часот, при излез од државата. Полициски службеници извршиле контрола на возило „Форд“ со полски регистарски таблички, управувано од М.Ј. (46) од Полска.

При контролата, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека 46-годишникот е евидентиран како сторител на кривично дело според член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Според полицијата, тој управувал со брзина од 164 км/ч, на делница каде што максимално дозволената брзина била само 80 км/ч.

Полскиот државјанин е задржан, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.