Приведен скопјанец за доиздржување затворска казна од седум години и еден месец, се заканувал и кон жена со остар предмет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчеравечер во скопско Визбегово, припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.Ш.(29) од Скопје, Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото, соопштија од МВР.

„Набргу, по преземени мерки, возилото е запрено, лицето е лишено од слобода и кај него е пронајден и одземен нож. При преземање мерки и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека С.Ш. бил баран со судска наредба за доиздржување затворска казна од седум години и еден месец“, се вели во соопштението. 

Приведениот било спроведен во КПУ Затвор Идризово за доиздржување на казната.