Вчера (22.10.2023) околу 20.45 часот во рамки на „Безбеден град“ полициски службеници од ОСОСК во содејство со Одделот за специјални полициски операции извршија заедничка контрола во угостителски објект во скопско Арачиново, при што е приведен сопственикот на објектот С.Џ.(34) од Арачиново. При преглед на присутните во угостителскиот објект, кај сопственикот е пронајден пиштол со полна рамка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по Законот за оружјето.
