Приведен велешанец – ја нападнал сопругата со тврд предмет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 04.11.2020 во 22.45 часот во СВР Велес било пријавено дека 57 – годишна жена од Велес била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот 57-годишен сопруг.

Сопругот бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Велес, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.