Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 11 управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.И.(24), Ф.Б.(24), Б.М.(21), Д.С.(20) и С.Р.(36) од Скопје, С.Ф.(30) од Зелениково, Џ.У.(34) од село во општина Чашка, О.Ф.(41) од крушевско, Ф.В.(24) и Д.М.(31) од Куманово и кумановско. Додека, С.А.(34) од кичевско возел без возачка дозвола и со брзина од 100 км на час на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 40 км на час.
Од слобода е лишен и А.С.(37) од село во општина Илинден бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
