Приведени четири лица, oсомничени за разбојништва со смртни последици

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири лица се лишени од слобода во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.  Секторот за внатрешни работи – Скопје во текот на вчерашниот ден лиши од слобода четири лица, сите од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела разбојништво со последица смрт извршени на територија на скопски Хром и Ѓорче Петров на 22-ри и 27-ми овој месец, потврдија од МВР.

Како што се додава во соопштението, во координација и по издадени наредби од ОЈО – Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата бил побаран краткотраен притвор, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.