Приведени разбојници од Арачиново, пронајдена и дрога

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска (10.05.2021) полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Г.М. (40),  Х.А.(19) и Е.Н. (23) од Арачиново, поради основано сомнение дека се сторители на три разбојништва и три одземања на моторни возила во перидот од декември 2020 до февруари 2021 година. Кај трите лица извршен е претрес на  дом и други простории при што пронајдени се: дигитална  вага, марихуана, фантомки и други предмети. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.