На 08.12.2020 во 14.30 и 16.30 часот на ул.Индира Ганди во Скопје биле лишени од слобода А.И.(18) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил четири кривични дела „тешка кражба“ од патнички моторни возила, и двајца малолетници на 17 и 15 години, од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“.
Лицата се приведени во Полициска станица Чаир, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
