Приведени вкупно 28 лица поради пожарот во хотелот во познатиот турски ски-центар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Никој нема да избега од одговорност“. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган зборувајќи за трагедијата во хотелот Гранд Карал во турскиот ски-центар Каралкаја.

Ердоган соопшти дека 28 лица се уапсени. Според него, 19 од риведените меѓу кои и сопственикот на хотелот се ставени во траен притвор, и додаде дека сите одговорни ќе бидат ставени пред лицето на правдата.

Формирана е Комисија која го истражува инцидентот.

Ердоган информираше дека согласно последните проверки, било констатирано дека системот за откривање пожар не бил во функција, и немало екипи за итни случаи во областа да интервенираат. Исто така додаде дека бројот на противпожарни апарати во хотелот не бил доволен, и дека излезите за итни случаи и вратите на хотелот не ги исполнуваат условите.

Во трагедијата во хотелот Гранд Картал на 21. јануари загинаа 78 лица, меѓу кои најмалку 36 деца.