Приведено лице барано со потерница за четиригодишна казна затвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Jumbo

Вечерва (09.11.2020) во 18:45 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага со асистенција на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, помеѓу селата Буковиќ и Раовиќ, скопско, го приведоа  Н. А. од с.Раовиќ , кој се барал со потерница за издржување на затворска казна од четири години во врска со чл.396 ст.1 од Закон за оружје.

Лицето ќе биде предадено во казнено поправна установа.