Приведено лице од Виница, при претрес пронајдена дрога

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициски службеници од ОВР Виница, во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода Г.И.(49) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информира Министерството за внатрешни работи.

– При претрес во неговиот дом во Виница, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага, медицински игли, шприцеви и други предмети, соопшти МВР.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.