Возачите кои се движат на релацијата Прилеп – Кавадарци треба да бидат внимателни на потегот меѓу Беловодица и Тројаци, каде од денеска е воведен привремен режим на сообраќај поради градежни активности.
Од 10 часот, сообраќајот на оваа делница се одвива наизменично, а пропуштањето на возилата ќе зависи од динамиката на работите. Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека изменетиот режим ќе остане во сила до завршувањето на градежните активности.
На возачите им се препорачува да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да возат со зголемено внимание низ делницата.
