Привремено запрена продажбата на „Славија“ – „Како станала агенцијата сопственик на акциите?“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продажбата на АД „Славија“ е привремено запрена поради барање за времена мерка доставено до Судот, кој по службена должност постапил по барањето на Кирил Кочевски, поранешен сосптвеник.

„Управниот одбор на Агенцијата врз основа на доставениот предлог за поведување на постапка за времена мерка од Судот и согласно досегашната пракса одлучи времено да ја запре постапката за продажба. Тоа значи дека продажбата не може да се реализира додека трае времената мерка, но не значи дека Агенцијата се откажала од продажбата на акции. Туку дека ќе ги следи законските основи за постапување“, истакна Фатин Асани.

На адвокатот пак Левко Таневски не му е јасно како Агенцијата воопшто станала  сопственик на акциите на Славија, бидејќи се одземени од трето лице кое не е сторител на било какво кривично дело.

„Не смее да одземе имот од било кое физичко и правно лице, а за тоа да не постои децидна судска одлука во која ќе бидат наведени. Таква судска одлука побарајте ја и од директорот на Агенцијата за одземен имот нема да најдете“, вели Левко Таневски.

„За да стане РСМ сопстевник на тоа треба во предметната судска одлука да се наведе што се конфискува. А не тоа да го прави Агенцијата во постапки кои се незаконити“.

На денешниот брифинг со новинарите директорот Асани на ова прашање одговори дека немало времена рамка и тоа дозволувало акциите да се продаваат. Поради забелешка од надворешен ревизор, Агенцијата ги ставила сите акции од 10 компании на берза.

„Според правилникот на Агенцијата, објавен во Службен весник во 20143-та член 19 став 2, доколку во период од 12 месеци пред денот на објавувањето на продажбата на акциите немало тргување на берзата, почетната цена се утврдува во висина од номиналната вредност на акциите со кои ќе се тргува во следните пет последнователни трговски дена. Доколку и по првите пет трговски дена на берзанската аукција останат непродадени акциите Агенцијата може во наредните пет трговски дена да ја намали цената на акциите за 25% од номималата вредност на акцијата се до крајната продажба“, посочи Фатон Асани.

Со вредност од над 25 миолиони евра, долг од околу 17 милиони евра и номинална вреднсот на акциите од 51 евро била проценката на АД „Славија“ во 2012-та година. Во 2013-та Владата донела одлука за отпочнување на продажба на објекти за намирување на трошоците по основ плати и камати кон вработените, а следната фаза била продажба на акциите. Со продажбата на парче наместо како цел пакет намалена е вреднсота на имотот, со тоа и на акциите.

Според моменталната состојба АД „Славија“ има долг кон 72 доверители во вредност од над 2 милиони евра без камата. Во 2020 година завршната сметка е  околу минус 700 000 денари и не оставрува профит. Имотната состојба се состои од 16 нелегализирани продавници кои не можат да се решат првано-имотно, Управна зграда која се наоѓа на земјиште кое не е во сопственост на АД Славија, магацински простори и земјиште под истите во Кисела Вода.