Навивачите кои доаѓаат од Данска, Италија и Шпанија ќе мораат во 10-дневен карантин во Лондон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По се изгледа во завршницата на ЕУРО 2020 во Лондон, ќе има само англиски навивачи. Протоколите велат дека сите што доаѓаат од странство во Велика Британија ќе мора да минат 10-дневен карантин.

Англија не сакаше да ги смени овие правила, па така веројатно навивачите на Данска, Италија и на Шпанија нема да можат да патуваат во Лондон.

Затоа се почести се повиците од данските државјани кои живеат на територија на Британија, да набават билети и да одат да ја бодрат селекцијата.

Останува да се види дали нешто ќе се смени во текот на денешниот ден. Утре играат Италија – Шпанија, а во среда ќе се сретнат Англија – Данска.