Проблеми на летот Хамбург – Приштина, авионот принудно морал принудно да слета во Белград

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Управата за цивилно воздухопловство на Косово излезе со објаснување во врска со вчерашниот лет Хамбург-Приштина, кој поради одредени технички проблеми морал принудно да слета во Белград.

Во авионот имало 155 патници.

„Летот од Хамбург до Приштина на авио-операторот „Еуровингс“ (EW5704), кој полета во 14:30 часот со 155 патници, од технички причини принудно слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград во 16:27 часот.

Авио-операторот Eurowings веднаш се организираше и испрати алтернативен авион (Flt. No. EW6005) за да ги земе преостанатите патници на белградскиот аеродром, а во 22:56 овој авион полета со истите патници до градот Келн во Германија, каде што слета во 00:45 по полноќ“, се наведува во соопштението.

Понатаму во соопштението се наведува дека Управата за цивилно воздухопловство и другите државни институции на Косово заедно со аеродромот во Приштина биле во постојана комуникација и координација со авио-операторот Eurowngs за безбедност и благосостојба на нашите патници кои биле на овој лет.

„Патниците се вратија во Келн, авио-операторот „Еуровингс“ ги донесе во Приштина утринава во 10:00 часот (Флт. бр. EW6006)“, се нагласува во соопштението.

ФОТО: Архива