реклама

Проблеми во јавната администрација – паднавме за една оценка подолу! Проблем – непотизмот и партиските вработувања

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Јавната администрација во Северна Македонија е област која заостанува во напредок. Последниот извештај на Европската комисија ја оценува како сектор со најмал напредок.

Сега имаме умерена подготвеност и одреден напредок, објаснува Мојсовски, истражувач во Институтот за европска политика.

реклама

Главната препорака е да се стави во функција Закон за висока раководна служба, како што се државните секретари и нивното вработување на основа на заслуги.

Вториот предлог е да се заврши со функционалната анализа, што значи, некои институции да се намалат, да се спојат со други и да се прераспределат вработените. Третата препорака е целосно да се спроведува Законот за општата управна  постапка.

реклама

Во Извештајот пишува дека во јавната администрација има напредок за подобрување на транспарентноста, но сепак се спомнува непотизмот, вработувањата со познанства и со политичко влијание.

Во однос на правичната застапеност не стоиме лошо, вели Мојсовски. Како што објаснува, тука не спаѓаат само вработувањата врз основа на етничката припадност, туку и врз основа на родот. 

реклама

Бројот на вработените според Охридскиот договор почнал да опаѓа, вели тој, бидејќи почнале да се прераспределуваат.

Треба да се зајакнат техничките капацитети кои се нотирани дека се многу слаби.

Капацитетите можат да се зајакнат на неколку начини: повисоки плати, повеќе обуки и да нема партиски вработувања, туку луѓето да се вработуваат според заслуга. 

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама