Проблемите на тутунарите низ владини лавиринти, подобрување при откупот има, но е далеку од посакуваната цел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проблемите на тутунопроизводителите низ владините лавиринти. Седнаа на заедничка маса со премиерот Заев и ресорниот министер Хоџа. Министерот за земјоделство истакна дека е забележано мало подобрување во откупот на тутунот. Додаде дека е оптимист, оти трендот на зголемување на откупната цена, иако забавено, сепак ќе оди во нагорна линија.

„Ние имаме многу поплаки за втората скала на проценка на тутунот ова е плус мотив за земјоделците, за тутунарите да бидат убедени дека нивниот труд ќе се вреднува така како што тие работеле, заслужиле а не треба да биде во духот на она како што сега се оценува“, вели Хоџа.

Дека има подобрување, потврди и претседателот на Сојузот на тутунски здруженија, но истакна дека подобрувањето не е на завидно ниво и според очекувањата и барањата на тутунарите.

„По одредени места има подобрување, а на некои места е исто, или и полошо можам да кажам од претходно“, рече Менде Стомнароски, сојуз на тутунски здруженија.

Тутунопроизводителите не отстапуваат од своите барања и истите му ги испорачуваат и на премиерот Заев.

„Проценката да биде флексибилна , да не се зема тутунот со класа подолу ,одбитокот да биде не поголем од 5 проценти …00.45 Ние викаме дека еден тон, тоа што произвел тутунопроизводителот тоа да му се откупи…01.04 и нема потреба некој да се игра и да манипулира со тутунопроизводителите затоа што во ниеден правилник во ниеден закон не пишува да се купува тутун процентуално…“, изјави Стомнароски.

Министерот Хоџа не сакаше да даде прецизен одговор околу најавата за укинување на четвртата класа на тутун. Потсети дека таквата можност била најавена само како опција, но сега како што рече, нема да коментира оти според него и онака постои чувствителен процес при откупот на тутунот . Законски можности постојат потенцира Хоџа додавајќи дека за тоа мора постои согласност и од тутунопроизводителите во спротивно според министерот таквата најава може да има и несакани последици.