Драги Ѓорѓиев и Петар Тодоров, членовите на македонската комисија, која преговара со бугарската околу решавање на споровите со историските прашања, велат дека проблемот со Гоце Делчев настапува кога ќе дојдеме до моментот зошто е тој важен за да биде чествуван од двете земји.
„Постојат некои разидувања во смисла како да дојдеме до решение кое ќе биде оправдано, зошто таа личност треба да биде чествувана и во Бугарија и во Македонија. Не е проблем заедничкото чествување, но проблем е во моментот кога не можеме да дојдеме некој договор. Зошто да го чествуваме заеднички, тоа е проблем“, рече Тодоров.
На него се надоврза и Ѓорѓиев:
„Сите факти поврзани со Гоце Делчев никој не ги спори. Каде завршил школо, за што се залагал, на која организација бил. Проблемот настанува таму во суштинскиот дел, зошто е важен и како да го прифатат двете општества. Тука стануваат главните проблеми“, рече Ѓорѓиев.
