Продолжен полициски час преку викенд – Граѓаните: „Малку тешко, не полудеа децата дома“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните вчера го доживеаја најдолгиот полициски час по воведувањето на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Полицискиот час трае 13 часа…Почна во 16 часот вчера а траеше до 5 изутринава.

Сите граѓани кои ги сретнавме денеска пред настапување на полицискиот час беа со кеси во рацете.

Тие што ги анкетиравме, велат дека им било малку тешко седењето дома.

 Граѓанин: Малку е тешко, но треба да го поминеме и ова.

ТВ21: Ако се зачести, дали би било потешко?

Граѓанин: Секако дека би било потешко.

ТВ21: Гледаме сте купиле некои работи…

Граѓанин: Да, купив некои основни работи. Човек кога е дома треба да јаде нешто.

За некои други, проблем е анимирањето на децата.

ТВ21: Како го поминавте овој полициски час од 13 часа? Ви беше ли тешко да останете дома?

Граѓанин: Да, проблем беше со децата. Голем проблем.  Читаме весник, лектира со децата…

ТВ21: Ако се спроведе ова и преку неделата?

Граѓанин: Ќе биде проблем за населението. Невработеноста го прави своето. Некој живее од денес за денес, утре за утре…проблем!

Многу граѓани не сакаа да дадат изјава…еден од далеку ни рече дека полицискиот час го минал спиејќи.

“Спиејќи…“

13 часовниот полициски час ќе важи и денеска. Преку неделата за сите граѓани тој трае 8 часа. Почнува во 21 часот и трае до 5 изутрина.

Од МВР постојано известуваат за нарушувања на полицискиот час од страна на граѓаните.