Продолжи судењето против Стојанче Јовановски – Саздов: Се обидов да ѝ помогнам на Ивана, но не успеав

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски, сопруг и татко на Ивана и Катја кои починаа на 2 март по пад од зграда во скопската населба Тафталиџе.

Сведочеше Мартин Саздов, поранешен пријател на Стојанче. Тој рече дека се запозначе со Стојанче во 2021 година, се дружеле две години и дека се дружел и со сега покојната Ивана.

„Почнавме да излегуваме заедно со Стојанче, Ивана, Катја по некое време и со мојата девојка. Но, престанавме да се дружиме кога дознав дека Стојанче се гледал со мојата девојка. Тоа беше пред година и пол – две“, рече Саздов.

За односот со покојната Ивана, тој кажа дека се зближиле кога ја земал од автопат од Штип, каде што ја оставил Стојанче, поради тоа што го промашила патот.

„Со Стојанче не зборувавме и не се гледавме. Во августв 2025 година ми се јави Ивана и една вечер и ми плачеше. „Извини што ти ѕвонам толку касно, немам на кого да му се јавам, јас и Катја сме пред Штип, може ли да дојдеш да не земеш, Стојанче нè тепаше и нè исфрли од кола“. Се облеков, отидов да ја земам. Прво не успеав да ја најдам, се криеле позади банкина. Потоа и реков да излезе да видам каде се наоѓа точна и ги лоцирав. Ивана беше целата модра, искубана, плачеа двете со Катја. Ги земав и заминавме накај Скопје. Ја прашав каде да ја однесам, ми рече страв ми е да одам дома, да не ме тепа пак. Ја прашав дали да ја однесам кај мајка ѝ, но таа одговори дека не сака да ја види во таква состојба. Ја однесов кај мене, сестра ми беше дома, јас реков ќе излезам, да не им биде незгодно“, рече Саздов.

Тој призна дека по насанот во Штип се зближиле со Ивана, и дека излегувале заедно.

„По тој настан во Штип се зближивме. Ми се жалеше дека многу ги малтретира и дека ја тепа Ивана пред Катја. Ивана плачеше од Стојанче. Излегувавме заедно, ја шетавме Катја, ја носевме во зоолошка, во Џамбо. Се обидував да направам да им биде убаво, но таа се плашеше. Да, почнавме љубовна врска. Еднаш излезе пред нас, не следел. Сакаше да се тепа, но јас му велев да се смири, дека знам дека и тој излегувал со две мои девојки. Ме праша од каде ми е таа информација, а јас ја дознав преку заеднички другар. Отидовме и кај тој заеднички другар, се расправавме, и потоа се качив во автомобил да си заминам. Се залета Стојанче со возилото и удри во двете возачки врати на моето возило. Ми велеше дека двајцата сакале да се разведат, а ние двајца да сме правеле што сакаме. Ја навредуваше Ивана, кажуваше дека и Катја не ја сака“, рече Саздов.

„Се обидов на секој начин да и помогнам на Ивана, но не успеав“, изјави тој.