Во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“, во кој обвинети се поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски.
Обвинителството го испрашуваше вештакот Владимир Даниловски за критериумите според кои биле оценувани квалитетот и ефикасноста на третманот на пациентите. Тој ги посочи вкупното преживување, преживувањето без прогресија на болеста, одговорот на туморот, безбедноста на терапијата и квалитетот на животот.
Одбраната го отвори прашањето за документацијата испратена на вештачење во Словенија, додека Обвинителството рече дека била испратена целокупната документација.
Судот го одби и барањето за изземање на техничкиот советник на Обвинителството, Милан Ристески.
