Татјана Васиќ Бозаџиева е кандидат за уставен судија за која дебатираше денеска Комисијата за избор и именување. Предложена е од страна на парламентарното мнозинство, а според ВМРО-ДПМНЕ таа е кандидат кој е предложен директно од екс премиерот Зоран Заев. Според пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДШМНЕ, на власта и се потребни судии послушници а смета дека токму поради тоа довербата во правниот систем изнесува само 8%.
Пратеникот од редовите на парламентарното мнозинство, Панче Минов рече дека неговите колеги од опозицијата со полна уста зборуваат за нефункционирањето на институциите и судскиот систем во земјава а самите тие ја блокираат работата.
До сега дебата е одржана за 2 кандидати, од кои помина само кандидатот предлоѓен од СДСМ, Фатмир Скендер, додека професорката Родна Живкова предложена од ВМРО-ДПМНЕ не доби поддршка од Комисијата. Од вкупно 9 кандидати, само 3 треба да бидат избрани за уставни судии. Меѓу кандидатите предложени од СДСМ се наоѓа и републичкиот обвинител Љубомир Јовески.
