Продолжува хаосот на шалтерите на МВР – граѓаните чекаат по неколку часа за промена на личните документи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овие чекања станаа вообичаени за граѓаните кои ги менуваат лични документи поради новото име на државата.

Граѓаните ги преплавија шалтерите за издавање на лични документи каде преовладува хаос, а велат дека чекаат по неколку часа за да ги подигнат документите кои ги пуштиле уште од декември“, вели репортерката на ТВ21.

Колку време чекате?

Три часа. За еден час едвај викнаа 10 души внатре, кој знае колку влегуваат и излегуваат од другата страна. Документите ги пуштивме на 5 декември. значи поминало повеќе од месец дена, а кога ќе влеземе внатре ќе ни кажат не се готови…“

Значи не сте сигурни дали се готови?

Пред малку влезе еден и му рекле дека не е готов документот“.

Премиерот Димитар Ковачевски, вели дека на граѓаните им се потребни патни исправи за надворешна употреба, и затоа не е во нивни раце одлуката за продолжување на рокот на важност. Тој вели дека треба да се направи договор со Грција, имајќи предвид дека тоа е обврска што произлегува од договорот со оваа земја, но се изолираше од можноста за лична комуникација со Грција, велејќи дека оваа обврска ја презел претседателот на државата, Стево Пендаровски.

По изјавата на премиерот Ковачевски, реагираше претседателот Стево Пендаровски, кој негира дека преземал обврска за можни преговори со грчките власти за продолжување на рокот на документите со старото име. Тој истакнува дека процедурите поврзани со личните документи не се под негова надлежност.

Северна Македонија според Преспанскиот договор се залагаше дека до 12 февруари документите за надворешна употреба да бидат со новото уставно име на државата.