Продолжува хаосот во јавниот транспорт, граѓаните едвај наоѓаат место во автобус, чекаат и по 40 минути

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ваквата глетка стана секојдневие по автобуските станици во Скопје. Секој сака да оди некаде, но дали ќе стигнат до посакуваната дестинација е под знак прашалник!

„Бројот на автобуси за градски превоз е многу мал откако приватните превозници не сообраќаат. Граѓаните велат дека до работа најчесто одат со автобус. Се жалат дека автобусите доцнат, но и дека се преполни со патници и често им се случува да не се качат“, вели репортерот на ТВ21, Зекирија Хаџиу.

Граѓаните од Арсовска бараат и таа да патува со јавен транспорт за да види со какви тешкотии се соочуваат.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска не се појави пред медиумите иако најави такво нешто, а во нејзино име зборуваше секретарот на градот, Зоран Глигоров. Рече дека следните денови ќе организираат прес конференција каде ќе одговорат на сите теми.

Инаку Град Скопје објави три јавни огласи за приватни превозници но сите беа неуспешни. Според последните информации се вели дека со четвртиот јавен оглас е постигнат договор и дека наскоро приватните превозници ќе почнат да сообраќаат. Приватните автобуси моментално, како што извести Арсовска на брифинг со новинарите, се на техничка контрола во ЈСП.