Продолжува потрагата по телото на малата Данка, полицијата пребарува во околината на куќата на осомничениот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Седми ден од апсењето на осомничените за убиството на двогодишната Данка Илиќ, и натаму се пребарува телото на девојчето. Припадниците на Управата на криминалистичката полиција ја прегледуваат околината на куќата на осомничениот Дејан Д. осомничен за убиство на малата Данка.

Припадниците на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од Бор и белградскиот УКП заедно со противпожарен камион со посебна опрема за претрага, во втроникот стигнаа во селото Злот во околината на куќата на Дејан.

Инспекторите ја прегледуваат околината, додека припадниците на Секторот за вонредни ситуации и натаму го прегледуваат потокот кој е во близина. Во понеделникот се бараше вториот дел од кањонот, а пребарана е и јамата над кањонот длабока 70 метри.

Двегодишната Данка Илиќ се води како исчезната од 26 март. После 10 дена, полицијата уапси двајца 50-годишни мажи од Бор осомничени за убиство. Тие се спроведени во Вишото јавно обвинителство во Зајечар. Станува збор за работници на Водовод, на кој им е одреден притвор до 30 дена. Обвинителството кажа дека Д.Д. го признал злосторството, додека Ј.С. се бранел со молчење. Братот и таткото на осомничениот Д.Д. беа уапсени поради сомневања дека им помогнале на Дејан да го премести телото на Данка. Братот почина во полициската управа во Бор.

Фото: Архива