Продолжуваат градежните активности на патот Карпалак – Желино – Рустеми: Ќе завршат до крајот на јуни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стариот пат Тетово-Скопје почна да се реконструира во август 2020, но градежните активности никако да завршат. Проектот се вика Карпалак-Желино и предвидува асфалтирање на 12.2 километри. Овој пат ги опфаќа повеќето села од о.Желино, а како што велат локалните мештани, ваквата состојба на патот им го отежнува движењето, особено во зимскиот период.

„Подобро не прашувај како е, не можеш ниту да замислиш…“

ТВ21: Ви се оштетуваат возилата?

„Што побрзо се изгради, толку подобро. Автомобилите си ги уништивме“.

„Ќе се среди“.

ТВ21: Ви се оштетуваат возилата?

„Помини од таму и нема да се оштетат, нормално дека за да се изгради мора да се работи“.

Од општина Желино  велат дека патот се асфалтира по нивно барање, додавајќи дека истиот не бил саниран 40 години.

„Општина Желино уште од 2018 година е во постојана комуникација со ЈП за Државни патишта на Македонија. Од тогашниот директор Зоран Китанов побаравме да се проектира патот и што поскоро да се изгради, бидејќи патот не е саниран 40 години“, истакна Блерим Сејдиу.

Директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми вели дека градежните активности течат согласно предвидениот рок и дека се очекува да завршат до крајот на јуни.

„Проектот Карпалак-Скопје се финансира од ЕБОР и е вреден 1 милион и 645 илјади евра. Опфаќа должина од 12.2км и во моментов се врши целосна санација на патот. Рокот за завршување на активностите е јуни 2021 година“, посочи Ејуп Рустеми.

Како што вели Рустеми, од општина Желино пријавиле дека на местото каде што се работи ќе поминува канал за отпадни води и дека ќе треба на терен да излезат експерти за да извршат увид околу тоа како ќе се одвиваат во иднина градежните активности за асфалтирање на овој пат.