Менталното здравје на мајките треба да биде приоритет и подостапно за секоја жена. Во рамки на проект поддржан од Амбасадата на Франција, партнерските организации ја нагласија потребата од поголема едукација и информираност за менталното здравје за време на бременоста и мајчинството, оценувајќи дека ова прашање сè уште не е доволно застапено во здравствениот систем.
„Овој проект за кој зборуваме денес е еден од четирите главни проекти што ги спроведуваме во соработка со организациите на граѓанското општество. И би сакал да ја искористам оваа прилика да ги поздравам Здружението за еманципација, солидарност и разновидност на жените, како и „Реактор“, кои се нашите два главни партнери во спроведувањето на овој проект“, вели Кристо Ле Риголер.
