Чичко Мехди од Шипковица се плаши секогаш кога ќе заврне. Траумите од поплавите и трагедијата во 2015-та година се уште постојат.
Чичко Мехди изгуби двајца внуци во поплавите на 2015 година. Вели дека се уште постои опасност додека не се уреди речното корито. Вели дека и министрите и општината им ветиле дека ќе го уредат речното корито, но се уште чекаат да започнат градежните работи. Според него, неколку инженери излегле на терен, но потоа немало никакви активности.
Речното корито треба да се прошири и да се направи ново при што нема да бидат загрозени животите на жителите на село Шипковица. И Адил Абдиу од оваа село вели дека направени се мерења, но потоа не е преземено ништо.
Контактиравме со Општина Тетово да прашаме до каде е проектот. Во телефонски разговор ни рекоа дека проектот е подготвен, но се уште не го доставиле до Влада, бидејќи Владата немала средства за проектот.
Министерот Садула Дураку и други министри, пред неколку месеци беа во село Шипковица и им ветија на жителите дека наскоро ќе почнат градежните активности за уредување на речното корито.
