Прогласена е вонредна состојба во Колумбија: Се шири епидемија на опасен вирус!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Колумбиската влада донесе одлука за прогласување вонредна состојба на национално ниво во средата вечерта, поради порастот на бројот на случаи на жолта треска.

Од почетокот на минатата година, епидемијата резултираше со 74 потврдени случаи на инфекција и 34 смртни случаи, изјави министерот за здравство Гиљермо Алфонсо Јарамило, пренесува Ројтерс.

Јарамило рече дека најкритична е ситуацијата во Толима, во централно-западна Колумбија, каде што се откриени 22 случаи.