Охридското езеро се суши постојано поради производството на електрична енергија, алармираат екологистите. Сите зони на брегот на езерото се суви. Експертите оценуваат дека намалувањето од само еден сантиметар на водата од нејзиното ниво, подразбира губење на 3,5 милиони метри кубни од езерото. Екологистите велат дека доколку се продолжи вака, во иднина состојбата ќе биде уште полоша.
Реакција за ваквата состојба следеше и од Еколошката организиација ФРОНТ 21/42, од каде за ТВ21 рекоа дека веруваат дека Охридското езеро треба да го менаџира професионално тело составено од експерти.
„Искористувањето на водите на Охридското Езеро за производство на електрична енергија може да се смета за една од причините како за намалувањето, така и за флуктуирачкото ниво на водата, што пак директно го афектира живиот свет во езерото. Според нас, неопходно е редовно мониторирање на нивото на езерото од страна на независен субјект, наместо тоа да го прави самиот производител на електрична енергија (ЕСМ). Како би се спречиле понатамошни негативни влијанија врз езерото, поради оваа, а и многу други причини, сметаме дека со Охридското Езеро треба да управува стручно тело составено од експерти, а со цел обезбедување заштита и унапредување на природните вредности“, велат од ФРОНТ 21/42.
Според податоците на Електрани на Македонија, нивото на езерото е само 12 сантиметри над минималната висина и е 693,22 метра над нивото на земјата, но и 53 сантиметри под максималната висина која треба да биде 693,75. Многу години се дискутираше за идејата за изградба на автоматско испумпување во браната кај Црн Дрим во Струга. Но ЕСМ велат дека ова не може да се изведе без финализација на договорот со Албанија за повторно одредување на максималната и минималната висина на Охридското езеро, како и со Општина Струга, за изгледот на објектот, со цел да не се наруши автентичниот изглед.
