Променливо и студено до петок, снег се очекува на повисоките планини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини и снег нè очекува во текот на следните денови. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува и засилен северен ветер, кој на одделни места ќе надминува 60 километри на час.

Локални врнежи се очекуваат денеска и во петок, при што на некои од повисоките планини дождот ќе преминува во снег.

Стабилизирање на временските услови се очекува за време на викендот. Времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност.