Променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север на планините ќе има услови врнежите да бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 12 степени.
