Променливо облачно – од пладневните часови пороен дожд, грмежи и засилен ветер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и услови за појава на град.

Во Скопската Котлина, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.