Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта врнежи од дожд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.