Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во вторник и во среда ќе преовладува стабилно време. Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), а од крајот на денот под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд. Во петок локално врнежите ќе бидат пообилни, а дневната температура ќе биде во опаѓање.