Променливо облачно со сончеви периоди

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.