Променливо време и следната недела – дождот им ги активираше болестите на возрасните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Постојаните дождови направија бунари низ плоштадот на главниот град.

„Првиот дел од август го поминавме со обилни врнежи. Ако сега е сончево, тоа не значи дека по еден час нема да врне дожд. Да ги прашаме граѓаните како ги чувствуваат  овие климатски промени“, вели репортерката на ТВ21.

Од УХМР велат и од понеделник најавуваат променливо време.

Наглите и непредвидливи промени на температурата, притисокот и влажноста на воздухот го оптеретуваат организмот, велат лекарите. Научниците сметаат дека современиот начин на живот кој во најголемиот дел од денот се поминува во затворен амбиент ја намалува способноста на организмот природно да се прилагоди на променливите временски услови.