Во Собранието беше промовиран Кодексот за етичко однесување на пратениците, кој претходно беше усвоен од пратениците.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека Кодексот претставува заложба јавниот интерес да биде над личниот, а политичките дебати да се водат со аргументи и меѓусебно почитување.
Претставници на ОБСЕ и ОДИХР и Националниот демократски институт оценија дека Кодексот ќе придонесе за поголема транспарентност, интегритет и доверба на граѓаните во работата на Собранието.
Документот предвидува и механизми за негово спроведување, вклучително и работна група и советник за етички прашања.
