Промовирана дигитализацијата на преносната мрежа, на настанот 20 функционери, новинарските прашања ограничени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Димитар Ковачевски дојде во МЕПСО по повод промовирањето на дигитализацијата на преносната мрежа. Од блиску виде како изгледа најновата телекомуникациска опрема. Потоа излезе пред објектот за да им се обрати на присутните претставници на медиуми. Пред да го почне својот говор, лице од кабинетот на Ковачевски ги праша новинарите колку прашања имаат, но кога му пренесе на премиерот дека се четири, Ковачевски рече дека се многу.

На настанот, покрај премиерот и директор на МЕПСО, Орхан Муртезани, присуствуваа уште 20 други функционери. Меѓу нив беа претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, министерот за здравство, Беким Сали, министерот за информатичко општество, Адмирим Халити, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и други. Прв кој одржа говор беше домаќинот, Орхан Муртезани.

По Муртезани, пред новинарите се обрати претставникот на ЕБОР, Анди Аранитаси, а потоа и премиерот Ковачевски. Откако го заврши својот говор, иако за прашања имаше пријавено четири новинари, меѓу кои и ТВ21, портпаролката спомна само два медиуми.

Го прашавме премиерот дали Владата ќе ѝ помогне на Топланата „Скопје-Север“ за граѓаните да не останат без парно?

ТВ21 прашањето му го постави и на директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, но тој одби да одговори.

„Веќе одговори“.

Но, потоа како што се чини премиерот го разубеди:

„Директорот на ЕСМ, имаше прашање за него“.

Новинарите реагираа поради ограничениот број прашања, на што премиерот рече дека нема прашање на кое не одговорил.

Инаку, овој проект овозможува брз, стабилен и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и минимизирање на ризикот од каков било прекин при преносот во случај на хаварии или лоши временски услови, велат од МЕПСО. Проект е вреден околу пет милиони евра, од кои 2,9 милиони се средства од ЕБОР, а останатите од АД МЕПСО.