РЦУК – Битола информира дека во комуникација со директорот на НП „Пелистер“, во 15:30 часот е добиена информација во врска со изгубениот планинар.
Планинарот успеал самостојно да се спушти и да стигне до селото Нижеполе. Иако го загубил мобилниот телефон и се движел во лоши временски услови со густа магла, тој безбедно пристигнал во селото и се засолнил во една куќа, од каде телефонски известил дека е жив, здрав и во стабилна состојба.
Екипите се упатени кон селото Нижеполе за да го преземат и безбедно да го транспортираат до Битола.
