Пронајден машки труп во реката Пчиња кај Катланово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден било пријавено дека кај Катлановска Бања бил пронајден машки труп. Телото веднаш било предадено на обдукција.

„На 07.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај Катлановска Бања, во реката Пчиња бил пронајден машки труп. По насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и расчистување на случајот“, стои во објавата на МВР.