Пронајдени двете црни кутии, САД и Азербејџан сметаат дека руски сили го собориле авионот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Првичните индикации укажуваат на соборување“, објавија меѓу другите „Си-Ен-Ен“ и „Еј-Би-Си Њуз“ за урнатиот азербејџански авион во Казахстан.

Во несреќата која се случи во близина на градо Актау на Каспиското Море во средата, загинаа 38 лица од 67 патници колку што беа во авионот. Авионот Ембраер 190 на „Азербејџан Ерлјанс“ првично требало да лета од Баку до Грозни, но тоа утро руската воздушна одбрана била распоредена во неколку региони на северен Кавказ поради борба со беспилотни летала од Украина.

Сликите од задниот тел на трупот на авионот се гледаат дупки кои изгледаат како шрапнели од ракети за противвоздушна одбрана.

Се огласи и Кремљ од каде предупредија да не се изнесуваат шпекулации предвреме. Властите на Азербејџан го шири сомнежот дека авионот бил погоден од руска ракета „Панцир-С“. Повикувајќи се на неименувани претставници во Баку, локалните медиуми објавија дека авионот бил оштетен уште при приближувањето кон Грозни. Азербејџанците биле огорчени што авионот не можел да слета првично во некој руски град, па пилотите морале да управуваат со оштетениот авион преку Каспиското Море до Актау.

Во меѓувреме властите на Казахстан истакнаа дека се пронајдени двете црни кутии кои ќе ја откријат причината за падот. Од Актау до Баку биле префрлени уште седуммина преживеани, а претходно со авион веќе беа пренесени неколку преживеани и загинати во Азербејџан.

Дел од авиокомпаниите, меѓу кои и израелската Ел Ал, ги откажуваат сите летови кон Москва поради лошата ситуација во рускиот воздушен простор.