Тројца државјани на Судан, осомничени како илегални мигранти, биле пронајдени од царинските службеници за време на деталната контрола на камион со стока од Кина, натоварена во пристаништето во Солун и наменета за царинење во Македонија.
Тројцата лица го пресекле кабелот од предниот дел од товарниот простор и се скриле меѓу кутиите. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи и претставува четврти случај на илегални мигранти откриени од Царината во текот на последните три месеци.
