Лицето кое било снимено како фрла отпад од мост во реката Радика е идентификувано и санкционирано, соопштија од Општина Дебар.
Случајот предизвика реакции откако спортското риболовно здружение „Трофта“ објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа маж како со возило застанува на мостот и фрла вреќи и кутии со отпад во реката.
По објавувањето на видеото, екипи на општинскиот инспекторат, во координација со другите надлежни институции, презеле мерки, по што лицето било пронајдено и казнето.
Од Општина Дебар најавија засилени контроли и истакнаа дека секое лице кое ја загадува Радика, јавните површини или животната средина ќе се соочи со законски санкции.
