Денеска (26 април) во 6 часот и 35
минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовска
Горна Чаршија, пред спортска обложувалница,
пронајдено е починато машко лице. Екипа на Итна
медицинска помош констатирала смрт без траги на
насилство и било утврдено дека починатото лице е 62-
годишниот М.К. од тетовска Шипковица. Јавен
обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, а по
наредба на Јавниот обвинител телото било предадено
на семејството.
