Просечна оценка од државната матура, 3,66! 348 ученици не ги полагаа испитите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска-Михајловска, ги презентираа конечните резултати од годинашната матура, по разгледувањето на сите поднесени жалби.

Просечната оценка на државната матура изнесува 3,62, на државната професионална матура 3,91, а на државната уметничка матура 3,59.

Јаневска изјави дека е задоволна од резултатите, посочувајќи дека просекот е речиси идентичен со ланскиот (3,69) и значително подобар од 2024 година, кога изнесувал 3,26.

Во јунската испитна сесија беа пријавени 14.587 матуранти, од кои 12.184 полагаа државна матура, 2.276 професионална, а 127 уметничка матура. На испитите не се појавиле 348 ученици, односно 2,39 проценти од пријавените.

Најголем дел од матурантите, вкупно 13.208, за изборен предмет го избрале англискиот јазик, кој и годинава беше убедливо најпопуларен избор.