Прошетка низ планините – повик до младите да излегуваат во природа, да не се изолираат во виртуелниот свет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Над 350 планинари од целиот регион се собраа во тетовско Челопек за прошетка низ планините од 13 километри.

-Денеска за Челопек е посебен ден бидејќи имаме гости од сите региони со албанско население, имаме над 350 гости планинари кои дојдоа на овој настан наречен промотивен марш Челопек 2025, изјави Јусуф Бејтулаху, организатор.

Организацијата ја направи друштвото на планинари Беса кои оваа година прославуваат една година од основањето.

Учесниците се задоволни и бараат повеќе вакви активности. Ги повикаа младите да се приклучат.

-Во рамките на календарот на активности е наведена и оваа активност, а денес исто така успешно ја организиравме оваа активност, заблагодарувајќи им се на членовите на здружението „Беса“ од Челопек, вели Фари Реџепи, унија на Планинари Албанци.

-Апелираме до нашите млади да се занимаваат со планинарење, со сите спортови, а особено ова планинарење не е оптоварувачко за екстремитетите, а чистиот воздух во планините е за развој на срцето и белите дробови и е одмор од виртуелниот живот кој стана голем психички товар, изјави Бекир Халими, Планина.

-Имаме 100 членови во нашето здружение, но не сите се активни. Секоја недела сме на терен, 20 луѓе низ планините, немаме многу млади луѓе, ние сме на средна возраст, младите се изолирани кај нас, изјави Бардил Мифтари, здружение „Нивишта“.

Откако планинарите ја завршија прошетката низ планините, на стадионот во селото се одржа уметничка програма а имаше и традиционална храна, тетовски грав и алва.