Проширување на мнозинството, утре средба Заев-Гаши – од Алтернатива не кажуваат со какви барања ќе седнат на разговори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиер, Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, утре ќе се сретнат во Клубот на пратеници. Информацијата за ТВ21 ја потврди Премиерот, а како што се дознава форматот на средбата ќе биде 1+1, значи само Заев и Гаши.

„Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори – напротив до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата“, посочи Зоран Заев.

Средбата ја потврдија и од партијата на Гаши, но без да конкретизираат со какви барања ќе седнат на масата за преговори со премиерот Заев.

„Да, вистина е дека ќе има средба, но вакви средби имаше и во минатото и ќе има и во иднина. Во врска со тоа што ќе се зборува на утрешниот состанок, ќе ве известиме по завршување на средбата“, вели Орхан Муртезани.

Министерот Бујар Осамни, од редовите на ДУИ, најави дека следната недела ќе имаме стабилно парламентарно мнозинство. 

„Новото стабилно мнозинство е  апсолутно недискутабилно и тоа ќе се случи следните недели. Патот до тоа ново мнозинство е алтернатива, и ма неколку опции за тоа ново мнозинство и во моментот кога се одвиваат тие разговори   за постигнување на тоа мнозинство…Ние очекуваме тие преговори да завршат и верувам дека следната недела ќе имаме стабилно мнозинствово ќе почне да се занимава со предизвиците и можностите кои ги има Владата“, порача Бујар Османи.

Дека наскоро ќе има стабилно парламентарно мнозинство, синоќа во Клик Плус  потврди и Стефан Богоев од СДСМ. Тој рече дека на Алтернатива и е подадена рака за соработка, но не ја исклучи можноста и за други пратеници.

Средбата Заев –Гаши следи во рамки   на обидите за проширување на парламентарното мнозинство. Алтернатива има 4 пратеници  во Собрание, кои доколку му се придружат на мнозинството, истото ќе се зголеми на   64 пратеника, доколку овде се смета и пратеникот  Кастриот Реџепи, кој минатава недела не гласаше за уривање на Владата.