Протест „културата против некултурата“ – се бара мартовската плата и почитување на колективниот договор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Работниците од Културата останаа без плати за велигденските празници. Поради тоа тие протестираа пред зградата на Министерството за култура.

Околу три илјади работници бараат да им се исплатат мартовските плати, бидејќи, како што велат, проблемот се повторува секоја година.

„Тоа не е само административна измама, тоа е законско и морално предавство, не, не е техничко прашање, ова е атак на достоинството на секој културен работник, непочитувањето на колективниот договор е непочитување на човекот“, вели Елмир Сејдулаху.

Побараа почитување на колективните договори и закони, достоинствени услови за работа, транспарентност и професионално управување со културните институции.

Не протестираме за луксуз, туку за уставно загарантирано право. Законите треба да бидат еднакви за сите, беше порачано на протестот. Министерот за култура Зоран Љутков запрашан кога може вработените да ги очекуваат мартовските плати, за ТВ21 накратко изјави дека во моментов се работи на нови решенија за платите.